Quantcast
Channel: Daily.MK
Viewing all articles
Browse latest Browse all 14

Почнува судењето за убиството на медицинската сестра на детската клиника

$
0
0

Денеска почнува судењето за убиството на медицинската сестра на детската клиника во Скопје. Убиството се случи на 9 јануари во кругот на комплексот клиники „мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести. Обвинет за убиството е 22-годишно момче од скопски Петровец кое ќе одговара за убиство на бремено лице. Според обвинението, се почнало со вербална расправија, по што тој најпрво ја турнал жената на подот, а потоа ја задавил. Медицинската сестра која била десет години постара од момчето била во брак, но неофицијално со момчето биле во љубовна врска, a обвинетиот знаел дека медицинската сестра е бремена. По убиството, обвинетиот сакал да се самоубие, но по преговори со полицијата се предаде.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 14

Latest Images

Trending Articles